Оваа турнеја ви ги открива и комбинира Западна Бугарија со северниот дел на Грција и оригиналната поранешна Југословенска Република Македонија и го истражува минатото на Древна Македонија, некогаш моќна освојувачка цивилизација на Александар Велики, преку споредба на културните разлики.
Ова се предели на планини, традиционална народна музика и занаети, планински села, длабоко вкоренета култура, и поинаков начин на живот. Откако ќе ја разгледаме Софија, како што навлегуваме и преминуваме во Источна Македонија, ќе уживаме во предели кои го одземаат здивот, каде што ќе преспиеме во манастир од 12 век, Св. Јоаким Осоговски. Патот понатаму не носи во Скопје, главниот град на Македонија, откаде што ќе заминеме кон Националниот Парк Маврово, пред да свртиме кон долината на драматичниот Црн Дрим на патот кон Охридското Езеро. Глетката е едноставно возвишена, со драматични планински пејсажи кои ги обвиткуваат нежните води на езерото. Преминувајќи го преминот Ливада, на патот преку Националниот Парк Галичица, полека ќе се спуштиме на бреговите на Преспанското езеро и стариот Македонски град Хераклеја (основан од Филип II, татко на Александар), пред да тргнеме кон планините каде што ќе ја поминеме нашата последна ноќ во Македонија, во Националниот Парк Пелистер. Кога ќе преминеме во Грција, нашата следна станица е Пела, родното место на Александар Велики, пред да пристигнеме во раздвижената метропола Солун. Патување со брод долж брегот на Атос, Света Гора, познатото место каде се повлекувале монасите, еднодневно патување со траект до островот Тасос, и посета на древниот Филипи ќе го заокружи нашето патување низ Северна Грција. На крај, на пат кон Софија, ќе уживаме во Рилскиот Манастир.
Вака познатиот тур оператор од Велика Британија, Explore ја рекламира својата тура, наречена ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА.
Попладнево се сретнав со две госпоѓи од New Jersey, кои се дел од групата од оваа тура. Пристигнале вчера во Скопје, утре веќе заминуваат во Охрид, каде што ќе поминат 3 дена. Денес имале организирана посета на Матка, и попладнето им беше слободно. Ги прошетав по центарот и низ Стара Чаршија. Бараа да купат нешто автентично, наше, Македонско, изработено тука, во Македонија. Со големо упорност прашуваа како се изработени сувенирите, дали се навистина наши, Македонски. Се одушевија од нашето тавче гравче, печените пиперки, а за патлиџаните рекоа дека досега во животот не пробале патлиџани со толку добар вкус.
Природата на работата ми е поврзана со работа со странци. Многумина од нив, кои почесто доаѓаат, велат дека овде е рајот, и многу често им ја препорачуваат Македонија, како можна дестинација на своите пријатели. Некои од нив дури се регистрираа како тур оператори во своите земји, како би привлекле поголем број туристи во земјава.
Постои ли некаков обид да се идентификуваат странските тур оператори, да се таргетираат, да се оствари соработка? Да се настапи координирано и организирано.
0 comments:
Post a Comment