На времето, многу, многу одамна, во деновите кои се сега загубени во маглата на предисторијата, жената немала потреба од пророштва за да ја предвиди иднината, или пак да открие што и се случувало зад грб.
Таа не се грижела за она што би можело да се случи, ниту за тоа што треба да направи. Немала потреба. Не била воопшто научена да се сомнева во себе. Не била научена да си го занемарува сопственото знаење и познавање.
Тогаш, на жената не и требало пророштво бидејќи секоја Жена била Пророк. И таа го знаела тоа.
Таа давала одговори на сите прашања кои и ги поставувале.
Така било тогаш. Нејзината женственост ја правела моќна. Таа имала женски чувства, инстинкти, интуиција и сетила. Таа интуитивно Знаела се’ што требала да знае.
И сите знаеле дека таа Знаела.
Жените денес сеуште имаат директна врска и пристап до сето Знаење. Тие ја имаат наследено сензитивноста и способноста која што отсекогаш ја имале.
Нејзината интуитивна врска со сето Знаење е иста како што била создадена уште од самиот почеток. Единственото нешто што се променило во последниве шест милениуми е тоа што Жената повеќе не знае дека Знае.
Со векови, на жената и се кажувало која е и што е. Таа се изнаслушала многу митови за нејзината претпоставена природа и цел, многу лаги за нејзините способности и вредности, или пак наводни недостатоци за своите вредности. Но ниеден збор не ја изменил вистината за тоа која е всушност Жената.
Ниту еден збор ниту најмалку не ја менува нејзината вродена моќ која ја поседува. Што се сменило во перцпецијата кај жената за самата себе; нејзината перцеппција за сопствените способности и вредности? Потчинета во светските поредоци, вклештена со разни закони, и омаловажувана и осудувана во религии.
Жената едноставно преживувала. Вовлечена е во еден свет кој и го напаѓа телото, и ги ограничува правата, ги негира нејзините таленти, нејзината интуиција, ги занемарува нејзините вредности и женското го прикажува како нешто слабо, мало.
Не е повеќе свесна што значи Жена, го губи спојот со сопственото Знаење. Го губи спојот со моќта на Знаењето. Почнува да верува во она што и го кажуват.
Но не било отсекогаш така, и не мора да биде така. Жената, полека но сигурно почнува да си ја враќа сопствената моќ. Се претвора во пророк, медијатор, божество и учителка за сето Знаење.
Пророци, ангели, духовници, како сакате наречете ги, се оние кои ги повикуваме кога ни требаат Одговори.
Прашајте ја НЕА. Таа, ЖЕНАТА.
Таа е повеќе од она што со векови и било кажувано.
ТАА ЗНАЕ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ.
ТАА Е ЖЕНА!
0 comments:
Post a Comment